logo
logo
logo

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

Vecer | 10.09.2025

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

- Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско образование, во рок од една деценија, што е намалување од 31 отсто, објавија медиуми.

Падот е уште поголем кога се зборува за 9-годишно образование, со 125 илјади деца помалку во училиште помеѓу 2014 и 2024 година. Само во последните пет години, албанското образование изгуби над 61 илјада ученици.

Главните причини за овие бројки се поврзани со намалувањето на наталитетот и масовната емиграција.

Последица од оваа криза е затворањето на училиштата: од 2012 до 2022 година, се затворија 295 деветолетки, што претставува над 22 отсто од вкупниот број.

Разбирливо и бројот на ученици кои за првпат седнуваат во ученичка клупа, исто така, се намалува. Пред една деценија, околу 35.000 – 38.000 ученици се запишуваа во прво одделение. Во оваа нова учебна година имаше 26.500 ученици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk