logo
logo
logo

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска

Vecer | 26.02.2025

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени  од Хрватска

Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар.

- Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од  оваа област, администратор на откупен центар кој го купил товарот и инспектор од подрачната ветеринарна управа, објавија медиумите.

Тројцата уапсени се обвинети за сторени кривични дела „Повреда на правила за отровни материи“, „Производство и продажба на храна и други материи опасни по здравјето и животот на луѓето“, „Измама со прехранбени производи“ и „Злоупотреба на службена должност“.

Како што претходно информираа медиуми мандарини, биле вратени и од Чешка, Италија и Литванија. 

-Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, додаваат медиумите.

Анализите потврдиле дека остатоците од пестициди во мандарините биле  од три до 12 пати повисоки од дозволеното со европските регулативи, променети од септември 2023 година.

Мандарини, маслинки и друго овошје и зеленчук произведени во Албанија на големо завршуваат на пазарите во соседните земји, посебно во пограничните косовски и македонски населени места. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk