logo
logo
logo

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување

Vecer | 11.04.2025

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување

 Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград.

Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита основаноста на обвинителниот акт.

Судот му наложи на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад  - во рок од три денови од денот на прием  на препис на одлуката, да донесе наредба за дополнување на истрагата со налози во поглед на околностите што бараат дополнителчно разјаснување. 

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ поради падот на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk