logo
logo
logo

Видео: Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград

Vecer | 08.07.2025

Видео: Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград

Силно невреме проследено со удари на ветар, дожд и град го погоди Белград околу 14 часот денеска откако претходно од Хидрометеоролошкиот завод преку СМС пораки  беше испратено предупредување за граѓаните поради зголемениот ризик од силни грмотевици со дожд, локално град и силни налети на ветер. За можно невреме беа предупредени и жителите на Војводина, делови од западна и централна Србија.

Од невремето во Белград е предизвикана и материјална штета, голем број дрвја беа соборени, а некои куќи останаа без покриви.

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е исто така затворен за сообраќај. Патниците беа информирани за привременото прекинување на авио-сообраќајот, а започна и пренасочувањето на дојдовните летови.

Метеоролозите претходно издадоа црвен метео-аларм.

Цела северна и западна Србија беше под  удари на поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално има град и ветрови со сила на ураган. Попладнево ураганска бура го погоди и Белград - во делови од градот ветерот дуваше над 100 км/ч.

На север и запад од Србија, исто така, имаше силно заладување, температурата во делови од Војводина се спушти на 18 степени, додека на југ и исток беше е уште жешко, со температури до 40 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk