logo
logo
logo

Видео-Фото: Голем пожар на островот Крит во Грција

Vecer | 03.07.2025

Видео-Фото: Голем пожар на островот Крит во Грција

Пожарот изгоре куќи и загрози хотелски единици. Предизвикана е  голема штета  на посевите и оранжериите.

Проблем прават и силните ветрови, кои предизвикуваат брзо ширење на огнот. Во населбата Агија Фотија, куќите и објектите за изнајмување беа уништени, а локалните извори наведуваат дека областа останала без електрична енергија.

Според службите за итни случаи, пожарот моментално се простира на најмалку 6 километри, што го отежнува неговото локализирање. Густ чад зафатил пошироко подрачје, а видливоста на некои места била намалена на речиси нула.

Најмалку четири постари лица беа однесени во болница со проблеми со дишењето предизвикани од вдишување чад.здравствените власти ги ставија сите болници на крит во состојба на готовност.

Здравствените власти ги ставија сите болници на Крит во состојба на готовност. Властите наредија масовна евакуација на хотели, приватни сместувачки капацитети и куќи во општина Ферма, бидејќи пожарот се приближува кон областа.

Операцијата се спроведува со поддршка на пожарникари, полиција и локални волонтери.

Досега, околу 1.500 луѓе се евакуирани од околните населби и туристички зони, кои се префрлени во Иерапетра. Околу 200 од нив се привремено сместени во градската спортска сала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk