logo
logo
logo

Видео: Додик во Москва и покрај налогот за апсење

Vecer | 01.04.2025

Видео: Додик во Москва и покрај налогот за апсење

 Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого Судот на БиХ издаде налог за апсење, пристигна синоќа во Москва, од каде преку видео порака на социјалната мрежа икс се обрати до јавноста.

„Пристигнав во Москва. Секогаш го започнувам мојот престој тука со посета на Споменикот на непознатиот војник, оддавајќи почит на 28 милиони Руси загинати во Втората светска војна. Повторно ќе бидам тука на 9 мај, по покана на рускиот претседател Владимир Путин, за да ја одбележиме 80-годишнината од победата над фашизмот“, изјави синоќа Додик.

Судот на БиХ го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. По пресудата, парламентот на Република Српска усвои закони со кои ја забрани работата на повеќе државни институции на територијата на ентитетот.

Покрај Додик, налог за апсење има и за Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС, и Радован Вишковиќ, премиерот на РС. Интерпол сè уште нема одлука за нивна меѓународна потерница. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk