Медиумите јавуваат дека најмалку три лица загинале, но полициската управа засега не може да ја потврди оваа информација.
Како што рекоа, има повеќе повредени, но засега немаат детални информации за нивниот број и видот на повредите. Сите расположливи единици во моментов се на местото на несреќата, а повредените се транспортирани во Цетиње и подгорица.
Несреќата се случила после 12 часот, а според првичните податоци, во автобусот имало меѓу 30 и 35 лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата