logo
logo
logo

„Вечерва пукаат сите шавови“: Нови најави за протест пред зградата на БИА во Нови Сад

Vecer | 14.08.2025

„Вечерва пукаат сите шавови“: Нови најави за протест пред зградата на БИА во Нови Сад

Студентите од „Блокада“ најавија нови протестни активности за вечерва. Преку кратка порака на нивните Инстаграм-профили, повикаа граѓаните на собирање во 19:45 часот, пренесувајќи пораката: „Вечерва пукаат сите шавови.“

Зградата на Безбедносно-информативната агенција (БИА) се наоѓа во непосредна близина на седиштето на владејачката СНС на Булеварот на ослободувањето во Нови Сад. За деталите околу вечерашниот собир сè уште не се знае многу.

Да потсетиме, синоќа во Нови Сад дојде до конфликт помеѓу приврзаниците на СНС и граѓаните кои протестираа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk