logo
logo
logo

Ужас во Солун: На жена ѝ експлодира бомба во рацете, ја носела кон банка

Vecer | 03.05.2025

Ужас во Солун: На жена ѝ експлодира бомба во рацете, ја носела кон банка

Според информациите од грчката полиција, 38-годишната жена наводно носела бомба со намера да ја постави пред блиската банка околу 5 часот наутро. Експлозијата оштетила неколку излози на продавници и возила во непосредна близина, се вели во полициското соопштение.

Полицијата се сомнева на поврзаност со екстремната левица

Полицијата од Солун, исто така, објави дека жената веќе им била позната на властите бидејќи учествувала во неколку грабежи и дека истражуваат можни врски со екстремно левичарски групи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk