Детето било пронајдено облеано во крв пред неколку дена пред куќа во Ираклион, а момчето го пронашле соседите кои слушнале бучава. Мајката и нејзиниот партнер се обвинети за убиство во обид, нанесување тешки телесни повреди и физичко малтретирање на деца.
Според cretapost.gr, мајката го запознала партнерот во октомври преку Фејсбук. Во тој момент мајката и нејзиниот син живееле во Атина, но потоа решила да се пресели на Крит со момчето и да живее со новиот партнер. Се верува дека оттогаш детето трпело брутално насилство.
Според пишувањата на медиумите, на денот кога е пронајдено детето, соседите ги слушнале мајката и нејзиниот партнер како викаат „разбуди се, разбуди се“, обидувајќи се да го оживеат детето кое се здобило со ужасни повреди на главата и стомакот.
Соседот потоа излетал и го спасил детето, веројатно спасувајќи му го животот.
„Детето е донесено во болница во коматозна состојба, со повреди на главата и стомакот, а лекарите констатирале и траги на претходно малтретирање“, соопшти полицијата.
Во тек се вештачења за да се утврди колку долго детето трпело насилство. Во овој момент форензичарите не смеат да му пријдат на детето бидејќи животот на момчето е во опасност, но информациите на лекарите укажуваат дека детето претрпело хорор.
Кај детето биле констатирани повеќе повреди кои претходно му биле нанесени.
„Неговата состојба е многу сериозна, извесно време е малтретиран. Има сериозен хематом на главата и на момчето ќе му биде извршена операција.“, соопштија од полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата