logo
logo
logo

УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово

Vecer | 16.01.2025

УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово

Шефицата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) Каролин Зијаде денеска изрази загриженост поради најновите чекори на косовските власти против институциите финансирани од Србија и упати апел за отворените прашања да се разговара конструктивно и добронамерно во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.

Косовските власти вчера ги затворија сите објекти на општините и поштата кои работаат во српскиот систем јужно од Ибар. Зијаде предупреди оти „таквите еднострани акции носат ризик од дополнителен пад на довербата помеѓу заедницата и косовските власти“.

Таа изрази загриженост за влијанието од затворањата врз секојдневниот живот на поединци, особено на оние од немнозинските заедници, кои директно зависат од овие институции.

Зијадде ги повика сите да работат на одржливи решенија за благосостојбата и безбедноста на сите луѓе во Косово, наведувајќи дека тоа е единствениот прифатлив пат. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk