logo
logo
logo

Убиство на Детелинара: Маж избоден по расправија во кафеана

Vecer | 03.09.2025

Убиство на Детелинара: Маж избоден по расправија во кафеана

Во новосадската населба Детелинара, нешто после 23 часот, според неофицијални информации, се случи убиство пред едно угостителско локалче. Жртвата, според првите наводи, е маж.

Инцидентот се одиграл на аголот меѓу улиците Јанка Чмелика и Хаџи Рувимова, дел што беше привремено затворен за сообраќај.

Неофицијално, жртвата и осомничениот претходно заедно седеле во кафулето, кадешто најпрвин започнал вербален конфликт, кој потоа преминал во физичка пресметка, а на крајот завршил со едно убиство.

Како што дознава српскиот медиум „Блиц“, мажот Д.М. починал на лице место од здобиените убодни рани. Најверојатно, кавгата се случила поради стари нерасчистени сметки, а и жртвата и осомничениот се доведуваат во врска со навивачки групи.

Извор: Nova.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk