logo
logo
logo

Убиени се тројца напаѓачи на Косово, еден е повреден и уште еден е уапсен

Vecer | 24.09.2023

Убиени се тројца напаѓачи на Косово, еден е повреден и уште еден е уапсен

Министерот во косовската влада Ненад Рашиќ изјави дека ситуацијата околу манастирот Бањска се уште е драматична и дека нема индиции дека брзо ќе се смири.

Според неговите информации, дел од напаѓачите влегле во манастирот, додека полицијата со мегафон ги повикала да се предадат. Тој, повикувајќи се на полициски извори, додаде дека напаѓачите биле добро организирани и вооружени со тешко оружје - зољи и минофрлачи. Тој вели дека се уште не се знае кои се тие.

Како што е познато, косовски полицаец е убиен, а друг е повреден во престрелка во селото Бањска во северно Косово рано утринава. Двајца полицајци се ранети, но нивните животи не се загрозени.

Полицаецот загинал во заседа кога три редовни полициски единици од Звечан, кои дошле поради претходната блокада на два камиони на мостот на влезот во селото, отвориле оган, соопшти косовската полиција.

Истрели и експлозии се слушаат со часови, изјавиле жителите на Бањска за Косев, каде се  додава дека „се води вистинска мала војна“. Косовскиот премиер Албин Курти потврди дека судирите се уште траат и обвини околу 30 напаѓачи за убиството на полицаец од заседа. Двајца напаѓачи беа убиени.

Свое обраќање во 20 часот најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk