logo
logo
logo

Уапсени се уште двајца учесници на протестот во Белград- се сомничат за обид за насилна промена на власта

Vecer | 29.06.2025

Уапсени се уште двајца учесници на протестот во Белград- се сомничат за обид за насилна промена на власта

Инаку, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на Министерството за внатрешни работи на РС и БИА, претходно уапсени се шест лица под сомнение дека сториле кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија од член 320 во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик, објави Курир.

Уапсените се Л.С. од Зајечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш.

Постојат основи за сомнение дека горенаведените осомничени, на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, планирале и подготвиле протест и напад врз државните институции, блокади на патиштата и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок.

Исто така, на состанок во просториите на Градежниот факултет во Белград, наводно било потврдено дека „ултиматумот“ за одржување избори бил само изговор за употреба на насилство, бидејќи, според учесниците на состанокот, дури и ако барањето за одржување избори во август било веднаш прифатено, тие немало да учествуваат на тие избори.

Осомничените ќе бидат притворени до 48 часа, во кој рок ќе бидат приведени на сослушување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk