Од грчката полиција утрово соопштија дека во неделата при патрола, полицајци го застанале автомобилот поради сомнително големиот број лица во возилото, а возачот наместо да застане ја зголемил брзината во обид да побегне, по што следела потера.
Откако возилото било запрено, биле откриени четворица мажи и три жени од Непал, а дополнително бил откриен и стан на криумчарите во кој биле пронајдени 11 мигранти.
Од истрагата произлегло дека двајцата уапсени криумчари, 47-годишен странски државјанин и 45-годишна Гркинка, мигрантите ги презеле од место во близина на границата со Бугарија со цел да ги пренесат во Атина, за што секој од мигрантите платил меѓу 500 и 1.000 евра. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата