logo
logo
logo

Турција побара објаснување од Грција за навредливите пароли на воената парада

Vecer | 26.03.2025

Турција побара објаснување од Грција за навредливите пароли на воената парада

Турција вчера официјално побара објаснување од Грција во врска со паролите што биле извикувани од припадници на грчките вооружени сили за време на воената парада во Атина, оценувајќи ги како „навредливи“, пренесуваат дипломатски извори од турското Министерство за надворешни работи.

Според истите извори, Анкара го смета инцидентот за неприфатлив обид да се нарушат турско-грчките односи, јави денеска Анадолија.

Грчките медиуми јавуваат дека Министерството за одбрана на Грција веднаш реагирало, а Командата на морнарицата покренала дисциплинска истрага за случајот, откако во јавноста се појавиле снимки на кои некои припадници на вооружените сили упатуваат навреди кон Турција и кипарските Турци.

Грчката опозициска партија СИРИЗА го осуди инцидентот, нарекувајќи го неприфатлив, и побара темелна истрага за одговорноста. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk