logo
logo
logo

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Vecer | 07.10.2025

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Надлежните органи вршат засилен надзор над сите мостови и инфраструктурата која е потенцијално оштетена поради поплавите, пишува денеска бугарскиот портал Новините.

Локалните власти предупредија дека секоја ризична локација ќе биде веднаш затворена. До граѓаните е упатен апел да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен метео-аларм, највисок степен на предупредување, за осум окрузи каде се очекуваат повеќе од 65 литри дожд по квадратен метар. Истовремено, надлежните соопштија дека Бугарија ќе побара помош од европскиот Фонд за солидарност за погодените места поради настанатата штета.

Во меѓувреме, метеоролозите во Романија денеска го продолжија црвениот метео-аларм поради најавените обилни врнежи за пет окрузи и градот Букурешт, со можност за врнежи до 140 литри по квадратен метар.

Според најновото предупредување на романската Национална метеоролошка администрација (АНМ), од 21 часот на 7 октомври до 15 часот на 8 октомври се очекуваат обилни дождови во повеќе окрузи, пишува романската новинска агенција Аџерпрес. Количината на врнежи би можела да достигне од 80 до 100 литри по квадратен метар, а локално и од 120 до 140 литри по квадратен метар, во кратки интервали или како вкупни врнежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk