logo
logo
logo

Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва

Vecer | 15.08.2025

Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва

-Полицијата во соработка со Високото државно обвинителство од Подгорица пронајде докази и го расветли обидот за убиство на Марко Љубиша Кан што се случи на 7 август годинава во комплексот хотели „Маестрал“ во Будва. Со преземање на оперативни и тактички мерки, како и со прибрани форензички докази полициските службеници за кратко време го идентификуваа извршителот на ова тешко кривично дело. Се работи за лицето А.Т., државјанин на Македонија, соопштила Црногорската полиција.

Тој се сомничи дека испукал два проектили во правец на Кан, кој се здобил со повреди во делот на главата по што се дал во бегство во непознат правец.

Полицијата ги предупредува граѓаните дека секое свесно прикривање на информации за движењето или престојот на Танасковски, вклучително и давање на услуга за сместување може да претставува кривично дело - помош на сторител по извршено кривично дело што подлежи на законска одговорност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk