logo
logo
logo

Цените на лежалките во Грција поскапи него лани: Минимум 250 евра за седум дена мора да имате

Vecer | 28.05.2025

Цените на лежалките во Грција поскапи него лани: Минимум 250 евра за седум дена мора да имате

Бидејќи луѓето од целиот Балкан патуваат кон Грција, треба да очекуваат една промена – и тоа во однос на цените. Иако тие секоја година се менуваат, годинава особено пораснаа!

Цените на аранжманите се зголемени и до 25 проценти, а истиот тренд го следи и изнајмувањето лежалки и чадори – мал луксуз кој станува сѐ поскап, пишува Биз портал.

На Ситонија, особено во Никити, кој важи за едно од најбараните места меѓу туристи, изнајмувањето на сет лежалки и чадор сега се движи од 10 до дури 50 евра, во зависност од локалот и позицијата. Од 1 јуни, повеќето барови воведуваат обврска за консумација на храна и пијалак како услов за користење на плажниот сет, додека во претсезоната лежалките најчесто може да се користат со нарачани две пијалаци.

Во познати локали како барот „Versus“, цената за сет со консумација достигнува и 50 евра, додека во барот „Avra“ првиот ред се наплатува 45 евра, а останатите редови по 35. Најевтиниот сет моментално е во кафулето Paparuna, каде со консумација од 10 евра можете да ги користите лежалките.

Слични цени се забележуваат и во други места. Во Пефкохори, на плажата „Amos“, сетот (две лежалки и чадор) чини 20 евра со консумација. Во Полихроно, цените се движат од 20 до дури 60 евра, во зависност од редот во кој се наоѓа сетот – колку сте поблиску до морето, толку е повисока цената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk