logo
logo
logo

Трагедија во Бугарија: 8- годишно дете загина на парасејлинг, бил со мајка му кога паднал од 40 метри височина

Vecer | 18.08.2025

Трагедија во Бугарија: 8- годишно дете загина на парасејлинг, бил со мајка му кога паднал од 40 метри височина

Несреќата се случила денеска кратко по 13 часот во Несебар на Јужната плажа, кога момчето отишло на парасејлинг со својата мајка.

Тој одеднаш паднал во морето од височина од околу 40 метри. Луѓето што го управувале чамецот што го влечел падобранот веднаш го извлекле од водата. Се обиделе да го реанимираат и малото момче првично покажало знаци на живот, но набрзо починало.

Мајката не била повредена во несреќата. Медиумите во Бугарија објавија дека семејството дошло од градот Разлог, кој се наоѓа на западот од земјата, на летен одмор.

Полицијата брзо реагирала и три лица биле уапсени во врска со трагедијата и им била одредена мерка притвор од 72 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk