logo
logo
logo

ТРОЈЦА СРБИ КАЗНЕТИ СО СКОРО 100.000 ЕВРА ВО ГРЦИЈА! Направиле КАТАСТРОФАЛНА грешка

Vecer | 24.05.2025

ТРОЈЦА СРБИ КАЗНЕТИ СО СКОРО 100.000 ЕВРА ВО ГРЦИЈА! Направиле КАТАСТРОФАЛНА грешка

На Фејсбук страницата, Грчка инфо администраторката споделила важни информации за „сите оние кои можеби прекршиле некој закон за градење на неградежно земјиште во Грција“.

- Знам дека нашите луѓе купуваа такво земјиште покрај морето токму за да поставуваат приколки, па ова е еден вид предупредување за нив, навела таа, а потоа ја објаснила ситуацијата.

- Тројца наши Срби купија неградежно земјиште во Лептокарија - три парцели една до друга. Поставиле неколку приколки на парцелите и изградиле скари и тоалети - иако градењето на такво земјиште е строго забрането. Камп куќичките ги изнајмувале. Дошла инспекција, им наредила да ги отстранат приколките, како и сè што изградиле, а морале да платат казна од 95.000 евра. Не знам дали ова има некаква врска со неодамнешниот закон за забрана за кампување за кој пишувавме, би рекла дека попрво станува збор за дивоградба. Секако, ако размислувавте за купување земјиште за таква намена, размислете повторно, бидејќи казните за нелегална градба се огромни, рекла таа.

Инаку, казни за „диво“ кампување во Грција се ригорозни, а истото важи и за други правила што би можеле да ги изненадат туристите оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk