logo
logo
logo

“Загубен во просторот и времето...“

ТОМПСОН ГО ЗАГРОЗИЛ ХРВАТСКИОТ ТУРИЗАМ? Пеел пред 5.000 луѓе, се стравува од ширење на короната

Vecer | 18.07.2021

ТОМПСОН ГО ЗАГРОЗИЛ ХРВАТСКИОТ ТУРИЗАМ? Пеел пред 5.000 луѓе, се стравува од ширење на короната

Концерт на Марко Перковиќ -Томпсон одржан сношти во Сињ, каде што се собрале над 5.000 луѓе, може да ја уништи туристичката сезона во Хрватска.

Скоро е неверојатно да се дозволи собирање на така голем број луѓе во момент кога расте бројот на заразени, а Хрватска е веќе на портокалова корона листа во Европа.

Самиот концерт поминал во стилот на Томпсон, со повик За дом спремни во песната ”Чавоглаве”, а многумина носеле маици испишани со усташки поздрав.

- Да покажиме дека можеме да победиме, рекол Томпсон на концертот.

Судејќи по се, се повторува минатата година кога масовните собирања и концерти го уништија туризмот, а последиците се чуствуваат и денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk