logo
logo
logo

Тага во БиХ: Босанка е убиена во масакрот во Шведска, повреден е и нејзин сонародник

Vecer | 06.02.2025

Тага во БиХ: Босанка е убиена во масакрот во Шведска, повреден е и нејзин сонародник

Ова се неофицијални информации кои Амбасадата ги добила од членови на семејствата на загинатата државјанка на БиХ, додека полицијата на Кралството Шведска се уште не ги објавила имињата на жртвите од нападот во Оребро.

Како што е наведено, Амбасадата на Босна и Херцеговина во Стокхолм е во постојан контакт со надлежните органи и локалните власти во Шведска со цел навремено да ја информира јавноста во Босна и Херцеговина за состојбата во Оребро, со оглед на големата босанска заедница во овој град.

За потсетување, шведската полиција соопшти дека најмалку 11 лица биле убиени при пукање во училиште за возрасни на 4 февруари. Денеска изјавија дека се работи главно за странски државјани.

Претходно беше соопштено дека меѓу загинатите е и напаѓачот. Иако властите не го соопштија неговиот идентитет, шведските медиуми јавуваат дека тој е Рикард Андерсон.

Полицијата се уште ги истражува мотивите за овој ужасен напад, додека сведоците и семејството го опишуваат Андерсон како повлечена и социјално изолирана личност која со текот на годините целосно го прекинала контактот со околината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk