logo
logo
logo

Судија е застрелан среде судско рочиште во Тирана

Vecer | 06.10.2025

Судија е застрелан среде судско рочиште во Тирана

Непознат напаѓач влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница во Тирана каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанијан пост“.

На местото на настанот се бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што е наведено, идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот врз судијата сè уште не се познати.

Судијата Астрит Каљаја со години служел во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.

Тој поминал низ процес на проверка во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk