logo
logo
logo

Студентите во блокада во Србија им се придружуваат на матурантите на протестот закажан за 1 септември

Vecer | 29.08.2025

Студентите во блокада во Србија им се придружуваат на матурантите на протестот закажан за 1 септември

Средношколците во блокада од градови низ Србија најавија најава за протест за 1 септември „Средношколците се сеќаваат - сите сме под настрешница“.

Српски медиуми јавија дека на првиот ден од учебната година, со поддршка на родителите, дел од наставниците, но и учениците во блокада, матурантите ќе одржат комеморативна прошетка по повод 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, а во некои училишта побараа од директорот тој ден да биде ненаставен, односно неработен за сите, освен за прием на нови ученици - првачињата.

Учениците во блокада денеска го потврдија своето учество во тој протест на средношколците.

„Нема да заборавиме. Ќе се видиме под настрешницата“, напишаа студентите во блокада во објава на Инстаграм. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk