logo
logo
logo

Страшно невреме во Хрватска: Гром скрши бандера, автомобилите под вода (ВИДЕО)

Vecer | 23.09.2023

Страшно невреме во Хрватска: Гром скрши бандера, автомобилите под вода (ВИДЕО)

Најмногу дожд наврна во Шибеник, каде на некои мерни станици измерени се 107 литри на метар квадратен. Невреме со грмотевици предизвика големи проблеми во Сплит, додека гром удри во столб во Пујанке.

Од видеата и фотографиите се гледа дека столбот се преполовил по ударот на гром.

- Врнеше силен дожд, носен од ветрот, повеќе хоризонтално отколку вертикално. Небото беше темно. Бевме блиску до кафеана и одеднаш видовме молња. Беше многу силна детонација. Беше многу гласно. Кога престана дождот, дојдовме таму и го видовме тој столб. Фала богу што никого не повреди. Сега е облачно, но веќе не врне - вели читател за 24 сата.

ДХМЗ издаде предупредување за невреме кое важи за целата земја.

Поголемиот дел од Хрватска денеска е во портокалово, што значи дека тие делови ги очекува опасно невреме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk