logo
logo
logo

Страшна сообраќајка во Грција: Три лице изгореле во судар на два автомобила и камион на автопат (ВИДЕО)

Vecer | 18.08.2025

Страшна сообраќајка во Грција: Три лице изгореле во судар на два автомобила и камион на автопат (ВИДЕО)

Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле. Сведоците велат дека од запалените возила се слушнале страшни крици. Тројца од четирите патници во еден автомобил загинале во пожарот, додека возачот на истото возило бил тешко повреден.

Возачот на камионот исто така бил тешко повреден, додека уште четири лица кои биле вклучени во сообраќајката биле однесени во болница со полесни повреди. Пожарот се проширил и на подрачјето околу автопатот, на земјоделско земјиште.

Шокираните возачи што минувале застанале да видат што се случило, додека Противпожарната служба брзо пристигнала на местото на настанот - 16 пожарникари и 7 возила, потоа 3 амбулантни возила на ЕКАВ на Грција, како и полицијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by XanthiNea.gr (@xanthinea.gr)

„Поради сообраќајна несреќа на автопатот Игнација, делница Јасмос - Ксанти, сообраќајот на сите возила во правец Комотини - Ксанти е привремено забранет и ќе се одвива преку националната мрежа Комотини - Порто Лагос - Ксанти. Се молат возачите да ги почитуваат упатствата на сообраќајната полиција“, се вели во итното соопштение на полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk