Во две црвеноклуни, кои беа пронајдени мртви во областа на Загребската жупанија на езерото Сиромаја, во понеделникот е откриен високопатоген птичји вирус од подтипот Х5Н1, соопшти хрватското Министерство за земјоделство.
Министерството потсети на важноста на мерките на претпазливост за домаќинствата кои чуваат живина, како и ловочуварите за примена на општите безбедносни мерки.

Наведоа и дека поради ризик од појава и ширење на птичји грип и заради рано откривање и спречување на понатамошно ширење, Наредбата за мерки за спречување на појава и ширење на птичји грип на територијата на Република Хрватска се уште е на сила низ Република Хрватска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата