logo
logo
logo

„Стоп за геноцидот во Газа“- транспарент на Акропол во Атина, го поставија членови на Комунистичката партија

Vecer | 19.09.2025

„Стоп за геноцидот во Газа“- транспарент на Акропол во Атина, го поставија членови на Комунистичката партија

Со пораките „Да се запре геноцидот“, „Да не постои никаква соработка со државата – убиец Израел“ и „Слобода за Палестина“, напишани на грчки и англиски јазик, членови на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) и на подмладокот на партијата (КНЕ), рано утрово поставија гигантски паноа на Акропол, јави дописничката на МИА од Атина.

Од партијата, објавувајќи фотографии, соопштија дека целта била од Акропол да се испрати меѓународна порака на солидарност со палестинскиот народ.

-Од споменикот на светското културно наследство, ККЕ и КНЕ испраќаат порака против варварството на империјалистичката војна, против злосторствата што ги врши Израел во Газа со поддршка од своите сојузници, соопштија од партијата.

Паралелно повикаа „да се признае палестинската држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk