logo
logo
logo

Стано: Одговорните за нападот врз косовските полицајци мора да се соочат со правдата

Vecer | 28.09.2023

Стано: Одговорните за нападот врз косовските полицајци мора да се соочат со правдата

Нападот врз косовските полицајци во неделата беше терористички напад и тој треба да се истражи и неговите извршители и оние кои го испланирале треба да се соочат со правдата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

- Ова позиција на ЕУ е повторена неколку пати и нашите партнери знаат за неа, додаде Стано на денешната прес-конференција. 

Запрашан за коментар за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека според Договорот од Брисел меѓу Белград и Приштина, убиените косовските полицајци во неделата воопшто не требало да бидат таму, Стано изјави дека ЕУ нема да ги коментира поединечни изјави што доаѓаат од регионот. 

- ЕУ беше јасна во својот став и очекувањата и советите до страните околу обврските што треба да се преземат сега. Тоа што се случи во неделата беше многу сериозно и за одговорните ќе сноста последици. ЕУ нема да ја коментира секоја одделна забелешка во врска со настаните во неделата. Сите треба да се однесуваат одговорно и да помогнат во расчистувањето на тоа што се случи, порача Стано. 

Тој додаде дека Европската Унија ги следи случувањата и е во контакт со своите партнери и во регионот и од меѓународната заедница и ќе преземе соодветен одговор кога земјите членки ќе проценат дека е дојдено време за тоа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk