logo
logo
logo

Српско МВР: Повредени шест полицајци, приведени 56 лица, задржани 16 осомничени за насилничко однесување

Vecer | 17.08.2025

Српско МВР: Повредени шест полицајци, приведени 56 лица, задржани 16 осомничени за насилничко однесување

 За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полициски службеници, приведени се 56 лица, задржани се 16 осомничени за насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, а против 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во Полициската управа за град Белград се приведени 27 лица, задржано е едно лице, а против останатите ќе бидат поднесени прекршочни пријави, пренесува Бета. Во Полициската управа во Ваљево се приведени 29 лица, задржани се 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Лесно се повредени шестмина припадници на Жандармеријата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk