logo
logo
logo

Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

Vecer | 15.10.2025

Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

За фон дер Лајен беше одржан свечен пречек.

Како што најави Претседателството, по приемот ќе следи тет-а-тет средба меѓу Вучиќ и фон дер Лајен по што претпладнево ќе следуваат изјави за медиумите. 

Фон дер Лајен пристигна во Белград синоќа, по нејзината официјална посета на Босна и Херцеговина. Вучиќ синоќа изјави дека секоја посета на Фон дер Лајен има посебно значење за Србија и дека претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на соработката и довербата меѓу Србија и ЕУ.

Тој додаде дека со неа ќе разговара за стратешки важни прашања за европскиот пат на Србија, реформите, моментумот во европската политика на проширување и заедничките напори за зачувување на стабилноста и мирот во регионот.

Последен пат Фон дер Лајен беше во Белград кон крајот на октомври минатата година, како дел од нејзината годишна турнеја низ земјите од регионот.

Taa претпладнево ќе има средба и со српскиот премиер Ѓуро Мацут. 

Според најавите од Брисел, една од главните теми на дискусија во Белград е Планот за раст на Западен Балкан, кој беше претставен минатата година како начин за приближување на земјите од регионот кон ЕУ. Една третина од средствата ќе бидат доделени, останатите се поволни кредити, но само ако двапати годишно Европската комисија процени дека договорените реформски мерки се спроведени.

„Големо задоволство ми е да ѝ посакам топло добредојде на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Белград. Секоја нејзина посета има посебно значење за Србија и претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на соработката и довербата меѓу нашата земја и Европската Унија“, напиша синоќа претседателот Вучиќ на Инстаграм.

„Особено сум благодарен за нејзината лична посветеност и поддршка што со години ѝ ја дава на Србија на нашиот реформски и развоен пат“.

Србија поднесе два извештаи за спроведените реформи. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk