logo
logo
logo

Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани

Vecer | 22.03.2025

Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани

„Вечерва се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин“.

„Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат - да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“. 

 Патријархот во молитвата им искажа длабоко сочувство на родителите на Вукашин, и додаде - „се моиме да покој на душата на нивниот син“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk