logo
logo
logo

Српскиот парламент ја започна есенската сесија, дел од опозицијата бојкотира

Vecer | 07.10.2025

Српскиот парламент ја започна есенската сесија, дел од опозицијата бојкотира

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа првата седница од редовната есенска сесија за денеска во 10 часот и на дневен ред се 47 точки, од кои првата е Предлог-законот за посебни услови за евидентирање и регистрација на права на недвижнини.

На седницата се очекува да се расправа и за закон за потврдување на Договорот меѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Македонија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај во Прешево (Република Србија) и Табановце (Република Македонија).

Пред влезот во Собранието пратениците ги пречека гардата и беше постаvе црвен тепих, додека на улицата пред парламентот има нов монтажен објект во кој нема засега никој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk