logo
logo
logo

Српскиот министер за одбрана најави задолжителен воен рок од почетокот на 2026 година

Vecer | 19.09.2025

Српскиот министер за одбрана најави задолжителен воен рок од почетокот на 2026 година

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ синоќа објави дека може да се очекува првата генерација да служи задолжителен воен рок на почетокот на следната година и истакна дека српската армија подготвила повеќе од 120 простории за таа намена.

Гашиќ изјави дека за да се постигне тоа мора да се достават голем број законски и подзаконски акти.

„Тоа е процес кој воопшто не е лесен или евтин. Веднаш почнавме со подготовка на Министерството за одбрана, пред се на законските и подзаконските акти што треба да ги донесеме во наредниот период, и очекувам дека на есенската сесија на собранието веќе ќе влеземе со нов сет закони за војската. Во моментот кога ќе почнеме да работиме во собранието, се надевам дека ќе започне и законот за војската и враќањето, односно некаде во јануари-март, кога ќе започнеме со првата генерација војници“, изјави Гашиќ за Јуроњуз.

Воена парада на српската армија ќе се одржи в сабота во Белград. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk