logo
logo
logo

Српската опозиција бара седница на Собранието и на Анкетната комисија по конфликтот во Бањска

Vecer | 03.10.2023

Српската опозиција бара седница на Собранието и на Анкетната комисија по конфликтот во Бањска

Дел од опозицијата која ги организира протестите „Србија против насилството“, побара одржување седница на српскиот Парламент по вооружениот конфликт во Бањска на северот на Косово и формирање на Анкетна комисија која ќе ги утврди фактите за тој настан, јави дописникот на МИА од Белград.

-По 24 септември се појавија нови околности и ние како одговорни луѓе не можеме да ги игнорираме и да се однесуваме како режимот на Александар Вучиќ. Александар Вучиќ се обидува да ги покрие овие настани со димна завеса, но ние како одговорни луѓе мораме да реагираме, рече пратеникот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ на прес-конференција во Домот на Народното собрание.

Затоа, делот од опозицијата што ги организира протестите „Србија против насилството“ бара веднаш да се одржи собраниска седница со две точки на дневен ред.

-Првата е извештајот на претседателот на Републиката за безбедносната состојба, со посебен осврт на настанот од 24 септември, а втората е формирањето на Анкетната комисија за утврдување на фактите за настаните на северот на Косово, а особено да се расветли улогата на Милан Радоичиќ во нив, објасни Миливојевиќ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk