logo
logo
logo

Србин тргнал на одмор во Грција, па на автопатот кај Демир Капија со полна брзина удрил во дива свиња

Vecer | 29.06.2025

Србин тргнал на одмор во Грција, па на автопатот кај Демир Капија со полна брзина удрил во дива свиња

Инцидентот се случил ноќе, во близина на Демир Капија, на дел од патот каде – според возачот – нема заштитни огради за да се спречат животните да влезат на коловозот. Во моментот на судирот, дивата свиња одеднаш истрчала на патот, и било невозможно да се избегне, објави Телеграф.

„Не можев ни да замислам дека дива свиња од таков калибар ќе истрча пред мојот автомобил. Видов многу ежови и помали животни згмечени претходно, но нешто вакво… ме изненади“, напиша возачот во објава на Фејсбук страницата Grčka Info, предупредувајќи ги другите да бидат внимателни, особено кога патуваат ноќе.

Силината на ударот предизвикала значителна штета на автомобилот – браникот, решетката и радијаторот биле уништени. Системот за климатизација протекувал, но радијаторот засега работи, така што патувањето можело да се продолжи со дополнителна претпазливост.

Возачот особено му изразил благодарност на човек од Вршац кој му притрчал на помош во критичниот момент, опишувајќи го како „прекрасен и љубезен човек“.

Тој апелира до сите патници во Грција да возат внимателно и да бидат дополнително претпазливи во текот на ноќните часови, бидејќи непредвидените ситуации не само што можат да ја загрозат нивната безбедност, туку и сериозно да им го расипат одморот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk