logo
logo
logo

Советот на ЕУ одобри склучување на договор за Фронтекс и со Босна и Херцеговина

Vecer | 27.01.2025

Советот на ЕУ одобри склучување на договор за Фронтекс и со Босна и Херцеговина

Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, БиХ ќе стане четвртата земја од регионот, по Северна Македонија, Србија и Црна Гора, што ќе има случено договор за Фронтекс со ЕУ. 

Согласно одредбите од предлог-договорот, со него ќе се овозможи ЕУ и Босна и Херцеговина да организираат заеднички операции во кои ќе бидат вклучени припадници на Фронтекс и на граничните служби од БиХ.  

Дополнително, тимовите на Фронтекс ќе може да бидат распоредени во БиХ и да им помагаат на своите босански колеги во управувањето со миграциските текови и справувањето со илегалната имиграција и прекуграничниот криминал. 

За кончено склучување на договорот за Фронтекс со БиХ, согласност треба уште да даде и Европскиот парламент. 

ЕУ во 2019 година усвои нова Регулатива за Фронтекс со која и се овозможува на Агенцијата да спроведува активности за контрола на границите, гранични проверки и регистрација на лица не само во Унијата, туку и на териториите на земји кои не се членки на блокот, врз основа на билатерален договор.   

Советот на ЕУ во 2022 година одобри започнување преговори со партнерите од Западниот Балкан за склучување на договори за соработка со Фронтекс и оттогаш Унијата потпиша такви договори со Македонија, Србија и Црна Гора. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk