logo
logo
logo

Соренсен на средба во Белград за нормализација на односите со Косово

Vecer | 25.04.2025

Соренсен на средба во Белград за нормализација на односите со Косово

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска разговараше со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, за прашања од значење за животот на Србите на Косово и понатамошните чекори во насока на продолжување на дијалогот како пат кон нормализација на односите.

Како што соопшти Канцеларијата, Петковиќ го информирал Соренсен за низа еднострани и ескалирачки потези што ги преземаат властите во Приштина, со цел да предизвикаат тензии и да го пропаднат дијалогот како и за серија неосновани и политички мотивирани апсења на Срби.

„Неодамна, поминаа 12 години откако Приштина не ја формираше Заедницата на српски општини (ЗСО), што беше предвидено во Бриселскиот договор, чија имплементација беше гарантирана од ЕУ. Многу од проблемите што ги имаме на терен денес и со кои се соочува српскиот народ, немаше ни да постоеја доколку беше формирана ЗСО, која, меѓу другото, треба да биде и рамка за зачувување и заштита на индивидуалните и колективните права на Србите“, нагласи Петковиќ.

На состанокот присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жиофре.

Владата на Србија донесе денеска одлука на сите лица уапсени на Косово во, како што се наведува, „монтирана кривична постапка“, да им исплати еднократна финансиска помош во износ од 300.000 динари. Листата ќе биде преземена од евиденцијата на Канцеларијата за Косово и Метохија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk