logo
logo
logo

Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата

Vecer | 13.01.2025

Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата

 Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Научната Комисија за проценка на опасности од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита вчера одржала вонреден состанок и, според грчките медиуми, издадена е препорака за забрана за сообраќај на тешки возила до денеска во 14 часот на одредени патни правци во северна Грција, а ланци за автомобилите се задолжителни низ мрежата на регионите Епир, северна Грција, Тракија и западниот дел на областа Тесалија.

И додека на северот има врнежи од снег со температура меѓу минус четири и три степени, во јужниот дел од континентална Грција е интензивен дождот, додека на островот Крит, температурата е меѓу 18 и 19 степени Целзиусови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk