logo
logo
logo

Синдикатите во Грција за утре закажаа штрајк поради законот за работни односи

Vecer | 20.09.2023

Синдикатите во Грција за утре закажаа штрајк поради законот за работни односи

Грчките синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за утре закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент против планираните владини реформи во законот за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во штрајкот учествуваат просветните работници, кои повикаа училиштата да бидат затворени, лекарите од државните болници, контролорите на летање, со што се очекуваат проблеми во авионскиот сообраќај, а со прекини на работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите во Атина.

Протести освен во Атина се закажани и во други грчки градови.

Синдикатите реагираат за новиот закон за работни односи, кој меѓу другото ја легализира работата на две различни работни места. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk