logo
logo
logo

Силно снежно невреме во БиХ: Десетици возила заглавени на Јахорина (ВИДЕО)

Vecer | 04.02.2023

Силно снежно невреме во БиХ: Десетици возила заглавени на Јахорина (ВИДЕО)

Поради континуирано паѓање на снег, што заедно со силните налети на ветерот ја попречува видливоста и движењето на автомобилите, сообраќајот се одвива забавено на патот од Сараево кон Јахорина.

Исто така, поради обилните врнежи од снег и ветер кои го отежнуваат видот, а со тоа и движењето на автомобилите, на некои делници од патот имаше целосен прекин на сообраќајот бидејќи возилата беа заглавени.

БИХАМК советува повнимателно возење, приспособено на моменталните услови и условите на патот и ги потсетува возачите да не тргнуваат без зимска опрема.

Потсетуваме дека денеска во поголемиот дел од БиХ е издадено портокалово предупредување, пред сѐ поради силните бурни ветрови кои понекогаш достигнуваат брзина и до 70 километри на час. Се предвидуваат и врнежи од снег со драстичен пад на температурата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk