logo
logo
logo

Штрајк со глад почнува мајка на 16-годишно момче жртва во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Vecer | 01.11.2025

Штрајк со глад почнува мајка на 16-годишно момче жртва во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Дијана Хрка, во обраќањето до собраните на комеморативниот собир во Нови Сад, објави дека ќе штрајкува со глад.

„Тргнувам во оваа борба сама. Морам да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Собранието, спроти Ќациленд“, рече таа.

„Денеска е најтажниот ден за сите нас, денеска Нови Сад плаче, но јас се борам никој никогаш повеќе да не плаче, ниту самохрана мајка, ниту самохрана сестра“, рече Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, еден од 16-те жртви.

Таа изјави дека му порачува на српскиот претсеател Александар Вучиќ да распише избори. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk