Непознати лица синоќа упаднале во зградата на телевизијата Топ Чанел и испукале со рафално автоматско оружје. Најмалку еден куршум го погодил обезбедувачот П.К., кој набрзо починал од повредите.
Се се случило во моментот кога во зградата на телевизијата се снимало реалното шоу Велики Брат. На видеото се гледа како учесниците на реалното шоу слушаат истрели, но ниту еден момент не помислиле дека во зградата влегле вооружени напаѓачи.
„Што е ова, калаш?“, се слуша како еден од учесниците го прашува другиот, но речиси незаинтересирано.
Несвесни што се случува надвор, учесниците продолжиле со снимањето.
https://youtu.be/krGBFYqwd7Y
Недолго по нападот, на блискиот автопат е пронајдено опожарено возило „Ренџ Ровер“, за кое се сомневаат дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на телевизијата.
Се претпоставува дека во запаленото возило се наоѓа и „калашниковот“ користен во нападот.
Мотивот за нападот засега не е познат.
Во Тирана цела ноќ се трага по напаѓачите, а полицијата постави контролни пунктови низ градот.
https://youtu.be/3km8_eSVkOA
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата