logo
logo
logo

Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Vecer | 26.09.2025

Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ.

- НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО нема да дозволи дестабилизација на БиХ. Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ОН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ, наведе Шеќеринска.

Воената мисија АЛТЕА на европските сили ЕУФОР се одобрува на секои шест месеци во СБ на ОН. Додик претходно изјави дека од руските претставници во СБ на ОН ќе побара да стават вето на продолжување на мандатот на мисијата на ЕУФОР.

Северноатлантската алијанса навести дека во случај на непродолжување на мисијата постои можност за враќање на НАТО силите во БиХ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk