За време на престојот во Косово, Фидан се очекува да оствари билатерални средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти и со министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала.
Според најавите, на средбите ќе се разговара за односите меѓу двете земји, регионалните и безбедносните прашања, а ќе се одржи и првиот состанок на Мешовитиот комитет за економија и трговија на владите на двете држави.
Шефот на турската дипломатија ќе ги посети Призрен и Мамуша и ќе се сретне со тамошните припадници на турската заедница и нејзините претставници.
Фидан ќе го посети и седиштето на Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, каде Турција ја има командата од октомври 2023 година, при што ќе се сретне и со командантот на Мисијата, генерал-мајор Озкан Улуташ, се вели во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата