logo
logo
logo

Се укинува забраната за тешки возила на автопатот Атина-Солун

Vecer | 21.09.2023

Се укинува забраната за тешки возила на автопатот Атина-Солун

Од шест часот утрово, се укинува забраната за тешки возила над 3,5 тони на автопатот Атина-Солун, а сообраќајот и во двата правци и понатаму ќе се одвива исклучиво по левата коловозна лента, исто како што важи и за автомобилите, јави дописничката на МИА од Атина. 

За укинувањето на забраната информираа и од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција и од компанијата која управува со автопатот.

Од Министерството соопштија дека одлуката е по соодветниот технички извештај по направените контроли и се однесува на возила со тежина до 44 тони, додека пак од компанијата потенцираа дека сообраќајот за тешки возила ќе се одвива само по левата коловозна лента во двата правци, до целосно повлекување на водата и повторна проверка на автопатот.

- За олеснување и безбедност на сите возачи, на возачите на тешки возила им се препорачува да одржуваат растојание од 100 метри од возилото пред нив, додека од сите возачи се бара да се придржуваат до ограничувањето на брзината од 80 километри и да ги следат упатствата на сообраќајната полиција, соопштија од компанијата која управува со автопатот. 

Автопатот Атина - Солун, во делот околу Лариса, беше зафатен од поплавите и целосно затворен за сообраќај речиси една седмица поради изливањето на реката Пиниос, а во петокот беше укината забраната, но само за автомобили и возила до 3,5 тони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk