logo
logo
logo

Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот

Vecer | 22.01.2025

Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот

Порталот IQAir, кој го следи индексот на загаденоста на воздухот во светот, изутрината објави ажурирана листа на градови, а Сараево е на прво место со воздух во категоријата „опасен“ по здравјето.

Следува Дака, главниот град на Бангладеш, со индекс на квалитетот на воздухот од 261, додека Калкута, Индија и Ханој, Виетнам, имаат слични индекси.

Од градовите во регионот, Приштина е рангирана на 15. место со индекс 161, а Скопје на 19. со индекс 153. Белград со индекс 85 и Загреб со индекс 66 се рангирани на 44. и 70. место.

Владата на кантонот Сараево вчера прогласи „узбуна“ поради екстремно загадениот воздух, кој е опасен по здравјето на населението.

Во Сараево се воведуваат привремени мерки, вклучително и забрана за движење на автомобили и камиони чии мотори имаат стандарди ЕУРО3 и пониски во зоната А, односно на подрачјето на четири градски општини.

Кантоналната влада препорачува целото население да го намали престојот на отворено и физичката активност.

Експертите предупредуваат на потребата од итна акција за да се избегне катастрофата со големиот смог.

Просечно 3.300 луѓе годишно умираат на рана возраст во БиХ од последиците од аерозагадувањето, покажуваат податоците на Светската банка. 

Зачувувањето на вентилационите коридори, преминувањето кон почисти извори на енергија и намалувањето на сообраќајниот метеж се императив за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk