logo
logo
logo

Саборот изгласа враќање на задолжителниот воен рок во Хрвтаска

Vecer | 24.10.2025

Саборот изгласа враќање на задолжителниот воен рок во Хрвтаска

Задолжителната воена служба во Хрватска беше укината во 2008 година, а оттогаш се отслужуваше само доброволно, но имаше мал интерес.

Измените на законот предвидуваат дека задолжителниот воен рок да трае два месеци, а на тие што служат ќе им се исплаќа државата месечна нето-плата од 1.100 евра и службата ќе се смета за стаж.

Воениот рок ќе биде задолжителен за мажите од 19 до 30 години. Жените се ослободени од задолжителна воена служба, но можат да аплицираат за доброволна служба.

Лицата кои го отслужиле воениот рок ќе имаат приоритет при вработување во органите на државната и локалната администрација, доколку имаат исти услови како и другите кандидати.

Законот предвидува цивилна воена служба за оние кои изразуваат приговор на совеста, во Цивилната заштита на Министерството за внатрешни работи или во локалните единици во нивното место на живеење. Обуката преку Цивилната заштита би траела три месеци континуирано, секој ден, а служењето во локалните единици на должности за противпожарна и цивилна заштита, управување со животната средина или одржување на јавни патишта – четири месеци односно пет работни дена од по осум часа.

Тие кои ќе се одлучат за цивилна служба ќе добијат помал надомест, а одлуката за ова ќе ја донесе Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk