Сценава не е уникатна, ама е еднакво иритантна – пешкири оставени на плажа од рана зора или во текот на целата ноќ со единствена цел – да се зачува добра позиција.

Фотографијава е од плажа во Црна Гора, а е објавена на страницата „Подгорички времеплов“.

„Утрово, 7:00 место нема, ама нема ни луѓе. Тоа се вика ран букинг“, пишува под фотографијата.

А коментарите?! Разно -разни. Од совети да се фрлат пешкирите во море, до искажување незадоволство од високите цени по угостителските објекти и за лежалки…